(ВИДЕО) По пресудата еве што Дурловски сподели на Фејсбук
Објавено во: Македонија 15 Март, 2019
Пејачот Игор Дурловски кој е единствениот кој беше ослободен од обвинението за 27 април, кратко по заминувањето од судот на социјалната мрежа Фејсбук постираше нумера која ја изведува тој, со порака: „Кога слободата е ропство, а среќата тага“.
Дурловски беше прогласен за невин, а останатите 16 обвинети за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, добија вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Тој пред судот беше дочекан со прегратки од блиските. Роднините на другите осудени реагираа за добиените високи казни. Екс директорот на БЈБ, Митко Чавков доби највисока казна од 18 години затвор.
Богдан Илиевски на Фејсбук објви фотографија со наслов „Браќа до крај. Браќа за цел живот“, а на истата тој е прегрнат со своите „браќа“ од „За заедничка Македонија“.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.