(ВИДЕО) ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ: Повреден турист, трудница префрлена во болница, срушени фасади
Објавено во: Балкан 19 Јули, 2019
Една трудница е пренесена во болница, а имало повеќе рушења на фасади од згради во Атина при земјотресот од 5.1 степени.
Еден турист е полесно повреден кога на него паднал гипс од музеј.
Искривен е крстот на црква во грчката престолнина.
Во делови на Атина имало прекин на струја и телефонските линии.