(ВИДЕО) Почнувале со работа на пат, па откриле чудо: Еве што нашле во град стар 5000 години
Објавено во: Свет 07 Октомври, 2019
Израелските археолози објавија дека откриле голем, 5000 години стар град во северен Израел.
Античкиот град бил откриен за време на подготовките за работа на патишта во близина на Хариш, град 50 километри северно од Тел Авив.
Се работи за „космополитски и планиран град“ кој датира од бронзеното време.
Градот е распространет на 65 хектари и имал население од околу 6.000 жители.