25 Април, 2024
0.0263

Видео: Подводен апартман е новиот хит на Малдивите

Објавено во: Стил 21 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Престојот во пловечки бунгалови бил најпосакуваниот избор на туристите кои минатата година ги посетиле Малдивите. Сепак, ова туристичко место ќе добие нова атракција.

Малдивите сами по себе се доволно прекрасни за да се наречат рајски острови, но сега добиваат нова атракција за туристите кои ќе може да престојуваат во подводен апартман и да добијат прекрасен поглед на морскиот свет кој изобилува со убави глетки и многу животинси видови. 

До крајот на годинава на островот Рангали ќе биде отворена првата подводна вила во светот. Резиденцијата ќе се вика „Мурака“, што на локалниот јазик значи корал. Објектот е дизајниран целосно да се вклопи во подводни услови, овозможувајќи им на гостите да бидат дел од подводниот свет. 

„Водени од целта да обезбедиме неповторливо искуство за туристите, со првата подводна резиденција ќе им овозможиме на гостите можност да ги истражуваат Малдивите од една сосема поинаква перспектива, под површината на морето“, изјави главниот архитект и дизајнер на „Мурака“, Ахмед Салим.

Инаку, вилата може да прими вкупно девет гости.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти