(ВИДЕО) ПОГОДЕНИ СЕ ТРИ АЗИСКИ ЗЕМЈИ: Загинаа најмалку 500 луѓе
Објавено во: Свет 30 Ноември, 2025 15:34
Над 500 загинати има во тропската бура што погоди три азиски држави.
Индонезија, Малезија и Тајланд се соочуваат со поплави, свлечишта и десетици илјади раселени.
Бурата, која според метеоролозите е исклучително ретка за овој период, се формирала во Малачкиот теснец. Последиците се катастрофални: 336 загинати во Индонезија, 170 во Тајланд, додека Малезија засега пријавила две жртви, но и значителни материјални штети.
Според официјалните податоци, бурата погодила повеќе од 4 милиони луѓе — речиси 3 милиони во јужниот дел на Тајланд и околу 1,1 милион на западот на Индонезија. Многумина останале без пристап до електрична енергија, питка вода и основни намирници, а хуманитарните организации предупредуваат дека ситуацијата може дополнително да се влоши доколку не се воспостават стабилни канали за снабдување.
Регионалните власти предупредуваат дека бројот на жртвите би можел да продолжи да расте, бидејќи повеќе подрачја сè уште се непристапни, а некои од патиштата и мостовите се целосно уништени.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени
Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?
Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?
КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса
(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна
(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?
ЕУ и НАТО со порака: Мировните преговори зависат од суверенитетот и безбедноста на Украина
Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск




