(ВИДЕО) Покрај редовниот бонус, овој шеф ги израдува вработените со плус 10 милиони за празниците
Објавено во: Свет 11 Декември, 2019
Декември е време кога работниците ширум светот им се радуваат на божиќните бонуси, меѓутоа основачот и директор на градежна фирма во Балтимор, Едвард Сент Џон го подигнал нивото прилично високо за сите шефови ширум светот.
Тој организирал божиќна забава за сите свои 198 вработени, каде објавил дека со своите работници ќе подели неверојатни 10 милиони долари.
Работниците кои работат подолгоза фирмата Сент Џон Проперис добиле поголеми бонуси, но просечниот износ кој работниците го добиле изнесува 50 илјади долари. Меѓутоа, тоа не е се што добиле работниците. Тие покрај тој неочекуван бонус, добиле и годишен бонус кој традиционално го добиваат секоја година.
Како што е очекувано, работниците воодушевено плачеле кога добиле црвени пликоа во кои се наоѓал нивниот бонус. Едвард им рекол дека сите добиваат бонус бидејќи компанијата ја достигнала својата цел, а тоа е изградба на површина од 20 милиони квадратни метри ширум САД.
-За да го прославиме постигнувањето на нашата цел, сакавме да ги наградиме нашите вработени на таков начин на кој тоа ќе има значајно влијание врз нивните животи. Јас сум им благодарен на работнците, на нивната работа и предаденост и не можев да замислам подобар начин од овој тоа да им го покажам-изјавил директорот на фирмата, пишува Метро.