(ВИДЕО) ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КАДЕ БИЛА: Исчезнала пред две години, а рибари ја најдоа како плови во морето
Објавено во: Свет 30 Септември, 2020
Анџелика Гаитан (46), жена која исчезна пред две години рибарите ја најдоа жива во морето.
На 26 септември, скоро несвесна, рибарите ја нашле како плови по морето околу еден и пол километар од брегот на Порто Колумбија.
Таа имала знаци на хипотермија, а ја спаси рибарот Роландо Висабал.
Полицијата истражува што правела во претходните две години и како завршила во морето.
Жената пловела во водата околу осум часа и дошла во болница во состојба на шок. Анџелика потоа рекла дека жали за моментот кога решила да скокне во вода и како самиот Бог ја спасил од давење.
Taa за дел од медиумите раскажала дека имала сопруг насилник.