(ВИДЕО) Полицијата објави уште една снимка од протестот пред Собранието
Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2018
Министерството за внатрешни работи денеска објави ново видео од синоќешниот протест
против договорот со Грција пред Собранието.
На протестот беа повредени неколку граѓани и полицајци, а имаше и приведени.
За време на протестот полицијата употреби солзавец, со образложение дека спречиле упад во Собранието.
Истрага за синоќешните случувања пред Собранието покрена и Основното јавно обвинителство Скопје.