28 Септември, 2024
0.1866

(ВИДЕО) Полицијата уапси криминална група која шверцувала кокаин

Објавено во: Македонија 04 Април, 2023

Добивај вести на Viber

Сузбиена е организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со кокаин, а приведени се 4 лица. 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога вчера врз основа на спроведена повеќемесечна меѓународна истрага и формирани истражни тимови помеѓу Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО за ГОКК), Специјалното јавно обвинителство и Одделот за организиран криминал на Република Албанија спроведе координирана полициска акција, при што изврши претреси на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп и лиши од слобода четири лица. Станува збор за  А.М.(51), Д.З.(37), М.Ј.(35) и Д.Ј.(39), сите од Скопје. 

„Денеска (04.04.2023) до ОЈО за ГОКК поднесена е кривична пријава против А.М., Д.З., М.Ј., сите од Скопје, како и против Р.Т.(45) од Прилеп, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик“, изјави Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Четирите лица се дел од меѓународна организирана криминална група инволвирана во организирање на транспорт на кокаин за земјите од ЕУ, кои во текот на јуни 2021, од непознати лица од Албанија набавиле, а потоа и организирале пренесување на 300 пакувања со маса од 324,4 килограми кокаин за Р.Италија со товарно возило „даф“, со приколка, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А..

На 16.06.2021 Н.А. на ГП Ќафасан остварил излез од Р.Северна Македонија кон Р.Албанија, при што на царинските управи на двете држави декларирал извоз на легална стока-железо, со крајна дестинација во Италија. Истиот ден, А.М. и Р.Т., одделно, на ГП Блаце оствариле излез од државата кон Р.Косово, а потоа заедно, со патничко возило, преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Следниот ден (17.06.2021), Д.З. и М.Ј. на ГП Блаце оствариле излез кон Р.Косово, а потоа со патничко возило преку ГП Морина/Кукс се упатиле кон Албанија. Потоа, по претходен договор, на локација во Албанија приколката била одвоена од влекачот, управуван од Н.А., а во просторот кај резервоарите за нафта во влекачот биле ставени 300 пакувања со бруто маса од 324,4 килограми кокаин, набавен од албански државјани. Потоа приколката повторно била споена со влекачот, кој се упатил кон пристаништето Драч, со цел стоката да се пренесе во Италија, по претходна организација на А.М., Р.Т., Д.З. и М.Ј.

На 18.06.2021 на ГП на пристаништето во Драч – Р. Албанија, од страна на службени лица – цариници од Царинската управа на Р. Албанија, извршено е скенирање на товарното возило со приколка управувано од Н.А., при што во влекачот биле забележани сокриените пакувања, по што бил извршен претрес и биле пронајдени 300 пакувања кокаин со вкупна тежина од 324,4 килограми. Против Н.А. е поднесена кривична пријава до надлежното Специјално јавно обвинителство во Тирана – Р. Албанија за сторено кривично дело поврзано со недозволена трговија со наркотични дроги.

Поради ова, на 03.04.2023 спроведена е полициска акција на повеќе локации на подрачјето на Скопје и Прилеп, а врз основа на издадени наредби извршен е претрес кај лицата, при што се пронајдени и одземени повеќе мобилни телефонски апарати, сим картички, патничко возило и документација. При обид да биде лишено од слобода, едно од лицата, Р.Т. не почитувал полициска наредба и со возилото удрил во службено полициско возило, при што се здобил со тешки телесни повреди и е задржан на болничко лекување. Притоа, четирите лица се лишени од слобода, а кривично пријавените се изнесени пред судија на претходна постапка.


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?