(ВИДЕО) ПОПЛАВА: Уби повеќе од 160 луѓе и уништи стотици објекти
Објавено во: Свет 17 Август, 2018
Над 160 луѓе загинаа во поплавите предизвикани од обилните монсунски дождови во Керала во Индија.
Повеќе од 85.000 луѓе се раселени, а спасувачката акција и евакуација и натаму трае. Спасувачки екипи со помош на хеликоптери и чамци евакуираат стотици загрозени семејства. Федералната влада испрати дополнителни сили да им помогнат на локалните служби.
Властите стравуваат дека бројот на загинати би можел и натаму да расте, посебно поради предупредувањето на државната метеоролошка служба, која издаде црвено предупредување во Керала, и посочи дека дождови може да се очекуваат и во наредните денови.
Илјадници луѓе се „заробени“ од надојдената вода, а властите ги повикаа и рибарите да помогнат во спасувачката акција.
Штета има на стотици објекти.