(ВИДЕО) ПОРАДИ ИСИС ЗАМИНАЛА ВО СИРИЈА: Бара помош од македонските власти за да се врати
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2019
Новинарот на албанската телевизија „А2“, Ревајет Шахини во кампот Ал Хол во Сирија, каде живеат илјадници жени и деца на борци на терористичката организација Исламска држава, пронајде жена со потекло од Македонија која заедно со своите деца отпатувала на Блискиот исток да ѝ служи на Исламската држава. Таа бара македонските власти сега да ѝ помогнат да се врати дома.
Жената на новинарот му раскажа дека во Сирија пристигнала пред шест години и сега сака да се врати во Македонија, бидејќи условите таму се лоши и на зима било многу студено. Таа потекнува од Гостивар. Ревајет Шахини е мајка на четири деца.