(ВИДЕО) ПОТОП ВО ЦРНА ГОРА: Поплавени делови од Тиват и Котор
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2020
Силно невреме ја погоди Црна Гора.
Обилни врнежи од дожд имаше денеска во Котор и Тиват, што предизвика големи проблеми во сообраќајот.
Некои од патиштата и крајбрежните објекти во Тиват се поплавени.
Дирекцијата за вонредни состојби на Министерството за внатрешни работи на Црна Гора предупреди дека до понеделник се очекуваат нестабилни временски услови со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, пишува „Вијести“.
И други балкански земји нема да бидат заобиколени.
Во Хрватска издадено е предупредување за невреме проследено со обилен дожд и град. Постои можност за торнадо и силни налети на ветер.