(ВИДЕО) ПОТОП ВО СОСЕДСТВОТО: Автомобили под вода и паднати дрвја
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2018
Западна Србија денеска ја зафати силно невреме, а градот Ужице доживеа вистински потоп предизвикан од силниот град и обилен дожд.
Забележани се и повеќе случаи на откорнати дрва, од кои некои предизвикале блокади на улиците и патиштата.
Автомобили се поплавени, а вода има скоро метар по улиците. Видеа од страшното невреме се појавија на социјалните мрежи.
Метеоролозите во Србија предупредуваат за невреме ширум земјата, и тоа важи до петок.