(ВИДЕО) Повеќе од три недели поминал на минусни температури во Алјаска
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2020
На човек на Алјаска му изгорела колибата, по што три недели живеел во шатор на минусни температури.
Службите го лоцирале 30-годишниот Американец Тајсон Стил, откако членови на неговото семејство реагирале.
Тој поминал повеќе од три недели во засолниште и со ограничени количества на храна во дивините на Алјаска, пишува Би-Би-Си.
Стил од остатоците од неговата куќичка во дивината ги испишал буквите „СОС“.
Не знае што го предизвикало пожарот во неговата колиба, каде живеел сам од септември.