(ВИДЕО) ПОЖАР ВО ЗГРАДА: Се разви температура од 1.000 степени, а на пожарникарите им се топеше опремата
Објавено во: Балкан 25 Ноември, 2019
Страшен пожар се случи во хрватскиот град Сплит, а оганот од еден стан се проширил на другите, при што температурата достигнала 1.000 степени.
На пожарникарите им требале осум часа за да го изгаснат пожарот во станот на шестиот кат, а од топлото им се топела опремата.
Пожарникарите во станот пронашле голема количина на отпад, па дури и автомобилски гуми, пренесува Хина.
Со повреди се здобиле пет пожарникари, а полесни повреди има една станарка.