(ВИДЕО) ПОЖАРИ, ПЕСОЧНА БУРА, СЕГА ГРАД КАКО ТОПЧЕ ЗА ГОЛФ: Силно невреме во Австралија
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2020
Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град голем колку топка за голф, пренесуваат локални австралиски медиуми.
Природните аномалии и понатаму ја напаѓаат Австралија. Се почна од пожарите, потоа на земјата паднал обилен дожд и почна поплавата.
Сега на југоистокот од земјата почна песочна бура и силен град. Градот оштетил многу автомобили и искршил гранки на дрвјата.
Телевизијата „7 Њуз“ прецизира дека силен град е забележан во државата Нов Јужен Велс. Во изминатите 24 часа за помош до спасувачите се обратиле повеже од 1500 луѓе, околу илјада од нив биле поврзани со оштетени градби поради стихијата.
Ден пред да изврне град оваа австралиска држава ја погодила песочна бура со удари од ветер до 100 км/ч.
Телевизијата истакнува дека истовремено во државите Викторија, Јужна Австралија и Тасманија продолжуваат да беснеат шумски пожари.