(ВИДЕО) Познато е зошто се запали сплитскиот автобус во Швајцарија
Објавено во: Свет 13 Јануари, 2019
Учениците од Сплит кои престојувале една недела во Швајцарија, се враќале од скијање, кога моторот на автобусот се запалил.
Во тунел во Швајцарија целосно изгоре автобус кој превезувал сплитски средношколци.
Учениците навреме излегле од автобусот и нема повредени во несреќата.
Дел од учениците останале без своите документи и мобилните телефони, а се запалиле и дел од куферите.
Во автобусот имало 52 патници кои се враќале од скијање, од кои 48 ученици.
Водичот на групата, Гордан Драшинац изјави дека швајцарските служби интервенирале 10 минути по несреќата, а на средношколците им биле издадени привремени документи.
Учениците со друг швајцарски автобус тргнале за Милано. Таму ќе ги преземе хрватски превозник кој ќе ги одведе дома.