(ВИДЕО) ПРАВИЛО: Во ова село можат да живеат само луѓе на кои ќе им извадат орган
Објавено во: Свет 06 Септември, 2018
Лас естреѓас е чилеанско село на Антарктикот каде можат да живеат само луѓе на кои им е извадено слепото црево.
Ова е истражувачка воена база која е 1000 км оддалечена од првата болница и затоа е воведено ова правило.
Правилото важи за научниците, но и воените лица и членови на нивни семејства кои се населуваат во базата.
Во базата има неколку лекари, но ниту еден не е хирург и нема кој да прави операции.
И на жените не им се препорачува да забременуваат додека се во базата. Во лето таму има 150 жители, а во зима таа бројка се преполовува.
Во зима температурите паѓаат до -50 степени, а луѓето со денови не смеат да излезат надвор.
Селото има мала школа, пошта, теретана, банка, црква, сувенирница.
Интересно е дека имаат и хостел со 20-тина места.