20 Април, 2024
0.0269

(ВИДЕО) Преку 40 штркови се вратија во Белчишта

Објавено во: Стил 12 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Нешто повеќе од четириесет штркови претставуваат вистинска атракција по поминати илјадници километри од далечните краишта секоја пролет за да дојдат во Белчишта крај Охрид, објави Гласот на Америка.

Секоја пролет во селото Белчишта во општината Дебарца, по два штрка редовно се враќаат во едно од гнездата на селските куќи. Ова село со околу 200 луѓе станува се` повеќе познато по големиот број на штркови кои го населуваат. Доаѓаат во март и си одат на почетокот на септември. 

„Кај нас штрковите доаѓале од порано, затоа што местото е мочурливо. Тие такво место бараат. Тие се хранат со месо, жаби, змии, смокови, глувци и скакулци. Секоја година доаѓаат на истите седла. Идат секогаш во пар. Се размножуваат и по три до четири штркчиња“, рече 80-годишниот Целе Блажески.

Блажески вели дека кога си заминуваат тоа го прават групно и во еден ист ден.

„Денеска ги гледаш сите штркови, а утре сабајле неможеш да видиш ниту еден“, додава тој.

Последните години за нив се грижат и работниците кои ја одржуваат електричната мрежа во селото, бидејќи речиси и да нема електричен столб каде што нема гнездо.

„Од ЕВН им направија корпи од железа за да не им се расипат гнездата, бидејки штрковите ако им го растуриш гнездото тие пак ќе си го направат. Тие не одат по други места да прават нови гнезда“, вели Илија Славески, жител на Белчишта.

Локалната власт во комбинација со чистата и недопрена природа сака од ова да направи атракција за развој на руралниот туризам.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган