25 Април, 2024
0.0274

ВИДЕО: Претставен концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје

Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) го претставува концептот на новиот Научно-технолошки парк во Скопје. Проектот ќе се гради во три фази, а видеото од концептот на Научно технолошкиот парк е достапно на следниот линк:


Основањето на Паркот е иницијатива на Владата на Република Северна Македонија, а се спроведува од страна на Фондот за иновации и технолошки развој и Министерството за информатичко општество и администрација. Има за цел забрзан економски раст и побрз приклучок кон светските економски и општествени текови.Научно-технолошкиот парк е простор кој под еден кров нуди инфраструктура, услуги и пристап до финансии што ќе поттикнат раст базиран на ризик, знаење и иновации и ризик. Истовремено, Паркот ќе биде место за контакт и соработка помеѓу академската заедница, студентите, бизнисите и инвеститорите.

Оваа недела беше отворен Деловно-технолошкиот акцелератор УКИМ за млади претприемачи и иноватори, кој е дел од првата фаза од Научно-технолошкиот парк. Акцелераторот е сместен во кампусот на техничките факултети во Скопје, а за оваа намена, Владата во соработка со Светската банка ги обезбеди првите половина милион евра инвестиции. Тука, се предвидени почетни инвестиции до 25.000 евра по компанија, како и до 75.000 евра во втората инвестициска фаза за стартапите со потенцијал за брз раст.

На настанот свои обраќања имаа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, еврокомесарката за дигитална економија и општество, Мариа Габриел, како и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Втората и третата фаза на Научно технолошкиот парк предвидуваат изградба на нови згради и лаборатории, кои се очекува да бидат завршени до 2024 година (втора фаза) односно до 2027 година (трета фаза).

Студијата за изводливост е подготвена со финансиска и техничка поддршка од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Вкупната проценета инвестиција во Научно-технолошкиот парк за сите три фази е околу 80 милиони евра.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет