19 Април, 2024
0.0268

(ВИДЕО) ПРВ ПАТ ВО ЈАВНОСТА, ПРИКАЗНА КОЈА СВЕТОТ САКА ДА ЈА ЧУЕ: Момчињата од Тајланд откриваат детали од пештерата

Објавено во: Свет 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Дванаесетте тајландски момчиња и нивниот фудбалски тренер, кои минатата недела се спасени од поплавената пештера, денеска прв пат се појавуваат во јавноста на конференцијата за новинари во Чијанг Раи која ќе биде пренесувана од национална телевизија.


Групата на конференцијата за новинари одговара на прашања за своите искушенија.

После тоа ќе се вратат во своите куќи и семејства, велат претставници.


„Причините за одржување на оваа конференција за новинари се прашањата кои би можеле да им ги постават новинарите , а после тоа може да се вратат да го продолжат нивниот нормален живот без медиуми кои ќе ги вознемируваат“, рекол портпаролот на шефот на владата на Тајланд.

Тој додал дека тоа ќе биде нивно „единствено официјално интервју“; кажувајќи дека „после овој , нема да има други разговори со новинарите“.


Тие ги замолиле медиумите и јавноста да ја почитуваат приватноста на момчињата откако се спасени, бидејќи, како што наведуваат, изненадно медиумско внимание може да се одрази на менталното здравје на дечињата.

„Не знаеме какви рани носат тие деца во срцата“, рекол денес пред новинарите претставник на тајландското Министерство за правда.

Некои тајландски телевизиски личности се пошегувале дека момчињата ќе им помогнат во зголемување на рејтингот со телевизиска емисија во рамки на кои ќе биде емитувана нивната конференција за новинари, а која го носи името „Тајланд оди напред“ и обично е резервирана за монотони разговори за успехот на воената влада.

„Ова е приказна која сите Тајанѓани сакаат да ја слушнат. Не исклучувајте го телевизорот, не намалувајте го тонот“, се пошегувал водителот на телевизијата VOICE која често ја критикува воената влада на таа земја.

Прашањата кои ги поставиле новинарите се прегледани од психијатри за да се осигураат дека нема да бидат вознемирувачки за децата.



BBC/ Tanjug

Foto: AP, EPA, Printscreen/ Youtube

Можеби ќе ве интересира

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ЕВЕ КАКО ВСУШНОСТ СЕ ПРАВИ „СЕЕЊЕТО“ НА ОБЛАЦИ ВО ДУБАИ: Експерт оттаму објасни сѐ

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија