(ВИДЕО) Ќе има ли подобрување на односите: Средба тет а тет Ким – Путин
Објавено во: Свет 25 Април, 2019
Севернокоерјскиот лидер Ким Џонг Ун и рускиот претседател Владимир Путин утрово се сретнаа во Владивосток.
Во почетокот на разговорот, Путин изјавил дека сака да ги поддржи позитивните трендови на Корејскиот полуостров. Според него, има што да се направи за подобрување на економските врски помеѓу Москва и Пјонгјанг, пишуваат европските медиуми.
Севернокорејскиот лидер пак изјавил дека сака да ги подобри традиционалните односи со Русија.
Се очекува меѓу двајцата лидери да има разговор во четири очи во присуство само на преведувачи, а подоцна разговорите да продолжат во проширен состав со учеството на делегациите на двете земји.
Ова е прв состанок меѓу Путин и Ким и првата посета на Русија од страна на лидерот на Северна Кореја.Видео RussiaToday