(ВИДЕО) ПУКАЊЕ НА МЕНХЕТЕН: Повредени се пет лица
Објавено во: Свет 27 Септември, 2021
Пет луѓе се застрелани при пукањето во Менхетн рано утрово, соопшти њујоршката полиција.
Полицијата била во близина кога го забележала напаѓачот како застрелува четири лица околу 4 часот наутро.
Полицијата го погодила осомничениот, 30-годишен маж, кој е префрлен во болницата Харлем со полесни повреди.Се очекува тој и останатите застрелани лица да преживеат. Мотивот за нападот уште не е познат.