(ВИДЕО) ПУСТОШ И ХАОС: Загинаа 9 луѓе, се бројат повредени
Објавено во: Свет 05 Септември, 2018
Во налетите на тајфунот „Џеби“ на западот на Јапонија загинаа 9, а повредени се над 300 луѓе.
Бројот на жртвите расте. Тајфунот направи огромна материјална штета во овој регион и предизвика вистински хаос на аеродромот во Осака. 3000 патници ноќта ја поминале на аеродромот во Осака откако се откажани десетици летови.
Маж на 70 годишна возраст загинал кога силниот ветер го дувнал на земјата од неговиот стан во Осака, додека полицијата соопштила дека уште пет лица смртно настрадале во истата префектура кога ги погодиле предмети кои летале или паѓале од нивните станови. Во префектурата Шига, 71-годишник загинал кога зграда во која се наоѓал магацин, се срушила на него, додека друг маж на слична возраст загинал откако паднал од покрив во префектурата Мие.
„Тајфунот предизвика сериозна штета, посебно во регионот Осака“- вели премиерот на Јапонија, Шинзо Абе.
Тој ветил дека владата ќе вложи максимални напори за подобрување на состојбата и реконструкција на оштетените патишта.
„Џеби“ е 21 тајфун сезонава со ветер со јачина и до 220 километри на час.
Ова е најмоќната катастрофа што ја погоди земјата во изминатите 25 години, објавија светските новински агенции.