Торнадото беше широко речиси еден километар и пресече пат долг 24 километри.
(ВИДЕО) ПУСТОШ КАКОВ НЕ СТЕ ВИДЕЛЕ: Toрнадо од еден километар уништи се
Објавено во: Свет 05 Март, 2019
Tорнадото кое ја погоди Алабама остави пустош зад себе.
Видеата снимени од воздух ги покажуваат штетите од убиственото торнадо што во неделата „удри“ во американската сојузна држава Алабама.
Торнадото класифицирано како ЕФ-4 со ветришта од 273,5 км/ч уништи многу куќи и корнеше дрвја од земјата. Најмалку 23 луѓе загинаа, вклучувајќи три деца, а десетици се повредени.
Шерифот на областа Ли, Џеј Џонс, истакна дека десетици луѓе сè уште се водат како исчезнати. Спасувачките кипи во Алабама сè уште се во потрага по преживеани.
Гувернерот на Алабама, Кеј Ајви, прогласи вонредна состојба за да се обезбедат итни државни средства за помош на погодените подрачја. Претседателот Доналд Трамп, пак, на Твитер напиша дека Федералната агенција за итна помош (ФЕМА) ќе ја стави Алабама на највисок приоритет за интервенција, а со дел за брзо опоравување после торнадата.