(ВИДЕО) ПУТИН ИМА ФЛОТА ОД 4 АВИОНИ: Ѕирнете како изгледа летачката тврдина на лидерот кој доаѓа во Србија
Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2019
Авионот на Путин IL-96-300PU чинел 500 милиони долари, а е опремен со напредна технологија која оваа летачка палата, како што ја нарекоа светските медиуми, ја прави вистински команден центар, во случај на неочекуван напад.
Од надвор изгледа како стандарден патнички авион, иако по димензии е нешто поголем, но внатре рускиот претседателски авион е опремен како луксузен хотел.
Распонот на неговите крилја е 65 метри, колку што е и долг. Максималната тежина која може да ја поднесе е 270 тона.
Внатрешноста е декорирана во неокласичен стил, светли бои, со многу бела кожа и златни акценти.
#ANCNEC #SONA2018
— Motho Mothong (@maxwellmothlake) February 6, 2018
4-engined Ilyushin Il-96-300PU Pres jet, Reg RA-96022, call AirForce 1 made U-turn into Russia airspace. #NuclearDeal pic.twitter.com/BRCV0PJRCk
Рускиот претседател има флота од четири идентични авиони.
Од безбедносни причини, дури пред пат се избира со кој авион рускиот претседател ќе патува, но тој податок им е познат на мал број луѓе. Останатите три или само еден го следат авионот кој е избран за пат.