(ВИДЕО) ПУТИН НА СВАДБА НЕ ДОАЃА СО ПРАЗНИ РАЦЕ: И донесе оригинален подарок на австриската министерка
Објавено во: Свет 18 Август, 2018
Рускиот претседател Владимир Путин стигна денес во Австрија каде ќе биде гостин на свадбата на министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајлс, а како подарок ги донел - козачки ансамбл.
Австриските медиуми бележат дека шефот на руската држава нешто после пладне слетал на аеродромот во Грац а такво внимание, почнувајќи од слетувањето, доаѓањето на Путин му придаваат поради фактот дека неговата приватна посета на свадбата на министерката наишла на голема бура во политичката јавност на земјата, бидејќи Русија е под санкции на ЕУ, а Австрија претседава со Унијата.
Путин во Австрија ќе престојува само неколку часа бидејќи во 18 часот има состанок со германската претседателка Ангела Меркел во еден германски дворец.
Министерката за надворешни работи, која не обраќа внимание на критиките, иако на таков гостин повикот и не се откажува, се мажи за бизнисменот Волфганг Мајлингер во јужниот дел на покраината Штајерск.
„Младенците“ ќе бидат во народна носија, има добар број на поканети, а ќе присуствуваат и колегите на невестата, членовите на австриската влада.
Присуството на рускиот претседател Путин на големо овие денови го критикуваше опозицијата, а пратеник од Зелените во ЕП Мишел Рејмон дури побара оставка од шефицата на австриската дипломатија.