20 Мај, 2018
0.3318
    ALK 8098.79    0.29%     BESK 7738.39    -2.05%     GRNT 743.11    -1.78%     KMB 4373.93    0.64%     MKSD 204    9.68%     MPT 30016.78    0.05%     MTUR 4100    -0.41%     OHB 6498.44    0.11%     PPIV 44500    0%     RMDEN16 95.5    0.42%     RZLE 14    0%     RZLV 44    0%     RZUS 124.82    -0.94%     STB 1022.5    -0.26%     STBP 1102.85    0.07%     STIL 132.97    3.31%     TEL 270    -1.46%     TNB 13718    3%     TPLF 1573.88    -1.18%     TTK 860    -1.23%     UNI 2420.09    2.55%     ZILU 238    8.18%

(ВИДЕО) Радикали блокираа проруска телевизија во Киев

Објавено во: Балкан 04 Декември, 2017

Десетици радикaли во Киев денеска со бодликава жица и вреќи песок го блокираа влезот во зградата на телевизиската мрежа Нуз уан (NewsONE), која е наклонета на проруската опозиција.

Украинскиот претседател Петро Порошенко го осуди „притисокот врз медиумите“, но на Фејсбук изрази симпатии за „општествената реакција“ кон телевизијата наклонета на Русија.

Проруското сепаратистичко движење се појави на истокот на земјата како реакција на бунтот од 2013-2014 година во кој демонстрантите бараа Украина да ги сведе на минимум врските со Русија и да се сврти кон ЕУ и НАТО.

Русија тогаш го анектираше црноморскиот полуостров Крим и проруските бунтовници водат повеќегодишна војна во источните покраини против централна власт во Киев.

Импровизираната блокада не предизвика прекин на емитувањето на програмата на телевизијата.

Протестот почна околу пладне откако телевизијата прикажала снимки од демонстрациите на поддржувачите на поранешниот грузиски претседател Михаил Сакашвили кој повикуваше на отстранување на Порошенка од претседателската функција.


Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Граѓаните ноќта ја поминаа на отворено

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО АЛБАНИЈА: Граѓаните ноќта ја поминаа на отворено

Бутарис раскажа за тепањето: Она што го доживеав беше кошмар

Бутарис раскажа за тепањето: Она што го доживеав беше кошмар

Бутарис заврши во болница откако го тепаа националистички екстремисти

Бутарис заврши во болница откако го тепаа националистички екстремисти

Ердоган од Скопје добил дојава за можен атентат?

Ердоган од Скопје добил дојава за можен атентат?

ГРЦИТЕ ПРОТИВ „РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“: Ќе се бара ли нов предлог?

ГРЦИТЕ ПРОТИВ „РЕПУБЛИКА ИЛИНДЕНСКА МАКЕДОНИЈА“: Ќе се бара ли нов предлог?

(ВИДЕО) Истепан е Јанис Бутарис - за што доби ќотек ?

(ВИДЕО) Истепан е Јанис Бутарис - за што доби ќотек ?

ПРЕМНОГУ ХАОТИЧНО: Грчката влада не го прифати името „Илинденска Македонија“

ПРЕМНОГУ ХАОТИЧНО: Грчката влада не го прифати името „Илинденска Македонија“

На Ципрас му се вжешти слушалката

На Ципрас му се вжешти слушалката

Ципрас и Павлопулос се за одржливо решение за името

Ципрас и Павлопулос се за одржливо решение за името