(ВИДЕО) „ПАДНАА“ МАФИЈАШИ: Разбиена „ало“ шемата за измама во Бугарија
Објавено во: Балкан 19 Април, 2019
Масовна акција против "ало" мафијата се одржа во Горна Орјаховица, Софија во Бугарија, но и во Романија во четвртокот. Вкупно 30 лица биле уапсени кои учествувале во шеми за измами за околу 1 милион евра.
Шестмина од уапсените се организатори на криминалната група, останатите половина од уапсените се посредувачи, а останатите се т.н. "јавувачи по телефони".
Еден ден по специјалната операција, Министерството за внатрешни работи на Бугарија објави видеа од апсењата во Бугарија и од Романија.