(ВИДЕО) РЕГИОНОТ СЕ БОРИ СО ПОПЛАВИ: Над 40 куќи се под вода
Објавено во: Балкан 20 Март, 2018
Регионот се бори со поплави. Водостојот на реката Сава во Босанска Градишка е во пораст, а во попладневните часови се очекува голем бран од правец на Јасеновац.
Нивото на реката измерено утрово во 8 часот изнесувало 868 сантиметри.
Во Босанска Градишка проблем претставуваат и подземните води, а Сава уште пред неколку дена се излеала и водата потопила околу 40 куќи.
На терен се екипите од Цивилна заштита кои им помагаат на загрозените жители.
Влезот со моторни возила во дел од Белград, кај Кулата Небојша е забранет, а граѓаните се предупредени да ги тргнат возилата кои таму се паркирани, поради опасност од поплави, а велосипедската патека на Ада Циганлија е под вода.