(ВИДЕО) Реки од кал и камења затрупаа планинско село
Објавено во: Свет 09 Август, 2018
Поплава од кал е регистрирана во Швајцарија.
Од планината во Шамозон се откорна големо количество вода во комбинација со земја и парчиња карпи.
Густата каллива маса со парчиња камења набрзо од планината дошла до местото и направила хаос. Жителите снимиле како градот е покриен со кал.
Парчиња кал и камења паѓале на патот, врз автомобилите и блиските куќи.
Невреме вчера имаше во неколку европски земји, а во делови од континентот има многу високи температури и пожари.