(ВИДЕО) Реванш на Брегзит му побараа 670.000 Британци
Објавено во: Свет 20 Октомври, 2018
Повторна можност за референдум, овој пат за останување во Европска унија, денеска побараа 670.000 Британци на најмасовниот протест во Лондон по оној против војната во Ирак во 2003-та.
Јавни личности говореа на протестот, меѓу кои и градоначалникот Садик Кан. Од таму велат дека сакаат повторно гласање бидејќи на првиот референдум граѓаните не биле доволно информирани со што се соочуваат.
Премиерката Тереза Меј засега не остава простор за нов референдум.