(ВИДЕО) РИЗИКОТ ОД ЛАВИНИ ВО ПЛАНИНИТЕ ОСТАНУВА:Како македонските туристи паднале во провалија кај Пирин?
Објавено во: Балкан 14 Јануари, 2019
И денес продолжува високата лавинска опасност во планините. Ова предупредување го издаваат спасувачите од соседна Бугарија.
Вчера тие успеаа да извлечат пет македонски туристи, кои беа заглавени до донцните часови во планината Пирим.
-Беше исклучително опасно да се продолжи надолу, затоа решивме да ги извлечеме“, објаснил Иваило Валеов од ПСС.
Како што пренесоа медиумите од соседна Бугарија, македонските туристи скијале по неозначени патеки при што паднале во провалија.
Тој препорачува при такви услови да не се излегува од пистите. Добрата екипа е важна, но и таа не може да не спаси при лавина, потцртуваат експертите.
Двајцата сноубордисти , кои загинаа минатиот викенд над Банско, e востановено дека биле опремени со соодветна опрема.