19 Април, 2024
0.0266

(ВИДЕО) РУСИТЕ БИРААТ ПРЕТСЕДАТЕЛ: Еве кој е во трката со Владимир Путин

Објавено во: Свет 18 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во денешната трка за претседател на Русија има осум кандидати. Иако сегашниот лидер на Русија, Владимир Путин е апсолутен фаворит, според сите анкети, се појавиле уште седум противречности на линија со него. Еве кои се тие:

Ксенија Собчак


Телевизиска ѕвезда, Ксенија Собчак,  ќерка на Анатолиј Собчак, поранешен градоначалник на Санкт Петербург и ментор Владимир Путин. Таа се разликува од другите кандидати кои се залагаат за демократска Русија, наведувајќи дека  сака "еволуција, а не револуција". Таа учествуваше на демонстрациите во 2012 година против Владимир Путин и тврди дека Крим сé уште припаѓа на Украина, барајќи нов референдум за оваа област.

Сепак, Путин истакна дека „личните работи не можат да играат значајна улога кога се работи за кандидирање за претседател во случајов“, велејќи дека потенцијалната политичка кариера на Собчак „зависи од политичката програма што ја нуди“.

„Секој граѓанин во согласност со законот има право да се кандидира. Ксенија Собчак не е исклучок“, рече тој

Ксенија , исто така, ја нарекуваат "руската Парис Хилтон", поради ријалити шоу во кое беше снимена во када во бањата, опкружена со сапунски меурчиња.

Борис Титов


Борис  себеси се претставува како економски либерал, а има и бизнис-релации со Кина. Од 2012 година, тој тесно соработуваше со Путин, а сега е кандидат за Партијата за развој. Од 2006 до 2012 година, Титов беше директор на познатата визба Абрау-Ѓурсо во близина на Црното Море, заедно со луксузни ресорти. Неговата главна цел е дека ако стане претседател, да овозможи странските инвеститори да инвестираат во Русија.

Павел Грудинин

Надежта на Комунистичката партија на Русија и човек кој Русите го познаваат под прекарот "јагода кандидат ". 57-годишниот Грудинин од 1995 година  е шеф на најголемата фабрика за јагода, која се наоѓа во јужниот дел на Москва. Само во периодот од 2014-2015. компанијата заработи околу 38 милиони евра од продажба на овошје. Грудинин се потпира на поддршката на Русите кои се жалат на Советскиот Сојуз, како и земјоделците. Во неговата пријава за кандидатура беше откриено дека има сметки и во странски банки, нешто што е забрането па му беше нареден да ги затвори.  Го нарекуваа и „црвениот капиталист“.

Владимир Жириновски


Ветеран во руската политика и личност која досега има многу пати покажа сериозни политички амбиции. Жириновски стана познат кај Русите, дури и пред Владимир Путин. Тој има диплома за правник  и катедра за  турски јазик, а исто така бил и воен офицер на Советскиот Сојуз. Тој на изборите во 1991 година заврши на третото место. Неговиот стил е механички, анти-западен, а говорот му е многу агресивен и секогаш насочен против нешто или некој. Се залага за проширување на Руската империја.

Григориј Јавлински

Еден од основачите на либерализација на руската пост-советска економија на Михаил Горбачов. Тој беше противник на брзата и криминалната приватизација што овозможи појава на тајкуните и олигарсите. Како еден од столбовите на Јаболко партијата, тој не беше во можност да забележи добри резултати во моментите на избор за Дума. Се противи на руската анексија на Крим и бара мирно решавање на проблемите со Украина, со поддршка на Западот.

Сергеј Бабурин

Кандидат на Партијата на сите народи на Русија. Избран за Дума во 1993 година, но во 2016 година тој не влезе во парламентот како кандидат на Комунистичката партија. Во 1991 година, Бабурин бил противник на исчезнувањето на Советскиот Сојуз. Тој јавно го поддржа анексот на Крим, велејќи дека "Русија само си го враќа тоа што е нејзино". Тоа што го разликува од Путин е дека тој тврди дека Русија е потресена од криминал и корупција и дека на неолибералната мафија мора да и се застане на патот.

Максим Сурјакин


"Другиот Максим", како што го нарекуваат Русите, е кандидат на Комунистите на Русија, партија што во 2012 година се одвои од матичната Комунистичката партија . Себе си се нарекува ленинист и сталинист, а неговата цел, ако победи, е да го уништи капитализмот и повторно да ги обедини државите од поранешниот Советски Сојуз.Тој е уште еден кандидат кој ако победи  ќе работи на уништување на империјата на руските олигарси.


Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами