(ВИДЕО) САМОУБИСТВО ВО СПЛИТ: Маж со бомби се разнесе на плажа
Објавено во: Балкан 11 Октомври, 2017
Средовечен маж се разнесе со три бомби во автомобил, паркиран на сплитска плажа.
Tој прво се јавил во полицијата и им кажал дека има три бомби и дека се активирани. Повикал да се тргнат луѓето за да не биде некој случајно повреден. Полицијата ја испразнила плажата, а по преговорите со мажот тој сепак ги активирал бомбите . Сплитската полиција се обидела и преку преговарач да го одврати 54 – годишниот маж од намерата да се разнесе.
Но, по еден час тој се разнел. На плажата одекнаа две експлозии.