Видео: Сателитски снимки го откриваат ужасот по Ирма
Објавено во: Свет 13 Септември, 2017
Сателитски снимки на најдобар начин го покажуваат ужасот и деструкцијата на ураганот Ирма кој ги погоди Карибите и САД и се смета за еден од најсилните во досегашната историја.
Досега се регистрирани 22 жртви во САД, како и голем број на уништени домови и имот, поплавена инфраструктура. Штетите се проценуваат на десетина милијарди долари.
Над 2 милиони жители на Флорида повторно добија снабдување со електрична енергија, а илјадници евакуирани се враќаат кон своите домови во надеж дека штетите ќе им бидат минимални.