(ВИДЕО) Се преврте траект - се удавија над 40 луѓе
Објавено во: Свет 15 Мај, 2018
Најмалку 40 лица се удавиле кога се преврте траект што превезувал патници на реката Годавари во Индија.
На реката во југозападниот дел од Индија се преврте траект, а најмалку 40 лица се водат за исчезнати. Тој се превртел во невремето и силниот ветар. Само 20 патници до сега успеале да допливаат до брегот и да се спасат. Најголем број на настраданите се свадбари кои тргнале по невеста.
Локалните рибари веднаш притрчале на помош, но поради лошите временски услови, не успеале да спасат повеќе патници.