(ВИДЕО) Се разбуди уште еден вулкан
Објавено во: Свет 31 Мај, 2019
Се разбуди вулканот Етна во Италија, најактивниот вулкан во Европа. Тој почнал да исфрла вжештена лава која тече во должина од неколку стотини метри.
Информацијата ја потврдиле вулканолозите во Италија.
Две пукнатини се отвориле на делот на кратерот на југоистокот и на североисточното крило во околу 3 часот наутро по локално време, пренесува "Express".
Директорот на националниот институт за геофизика и вулканологија од Катанија, INGV, Еугенио Приветера, изјавил дека станува збор за нова фаза на експлозија во вулканот.
Инаку, вулкан денеска разнесе голем дел од планината Агунг на индонезискиот остров Бали.