(ВИДЕО) СЕ ШИРАТ ПОЖАРИ: Небото во оваа земја доби црвена боја
Објавено во: Свет 23 Септември, 2019
Природен феномен се случи во Индонезија, при што небото имаше крваво црвена боја.
Се претпоставува дека ова е резултат на големиот број пожари кои зафатија огромни делови од земјата, јави Би-би-си.
Пожарите во Индонезија секоја година прават широк појас од магла кој може да го прекрие целиот регион на југоисточна Азија. Маглата може да биде црвена поради феноменот наречен Рејлиево расејување, истиот оној кој ја предизвикува сината нијанса на небото во текот на денот и црвената боја на сонцето при зајдисонце. Тоа е расејување на светлината што се случува кога електромагнетниот бран се судира со честичките во атмосферата.