(ВИДЕО) Се случи стампедо во Њујорк, има повредени
Објавено во: Свет 07 Август, 2019
Tри инциденти имало во САД, ги натерале луѓето да бегаат барајќи засолниште само неколку дена по двете масовни пукања, на растојание од само 13 часа, во кои животот го загубија повеќе од 30 лица во Тексас и Охајо.
Овој вторник, по громогласен тресок од мотоцикл на плоштадот Тајмс Сквер во Њујорк, се создало вистинско стампедо каде луѓето помислиле дека станува збор за пукање и сакале што побрзо да се засолнат, пренесе Ен-би-си њуз.
Паника избила и во други два инциденти, поради наводна вооружена пресметка во Волмарт во Луизијана и пад на огласна табла во Јута, затоа што и тогаш, граѓаните помислиле дека слушнале истрели на масовен убиец.
На видеоснимката, снимена вчеравечер на Тајмс Сквер се гледа како луѓето во паника бегаат од плоштадот, инаку познатата туристичка атракција, затоа што слушнале звук за кој мислеле дека е пукање од огнено оружје. Но, полицијата соопшти дека се работело само за гласно поминување на мотоцикл.