31 Мај, 2020
0.0185

(ВИДЕО) Се сруши авион во Канада: Требаше да внесе забава против корона вирусот

Објавено во: Свет 18 Мај, 2020

Едно лице загина, а друго е повредено во неделата кога авион од акробатската група на Канадските воздухопловни сили се урна во градот Камлупс во британска Колумбија.

Канадскиот портал ННЛ објави видео од авионската несреќа на акробатската група „Сноуб'рдс“ во близина на градот Камлупс во провинцијата Британска Колумбија.

Видеото снимено од очевидци на настанот покажува лет на два авиони.


Авионот се урна во близина на локалниот аеродром „веднаш по полетувањето“. Во таа прилика, еден пилот загина, а друг беше повреден.

Преживеаниот на авионот се катапултирал и неговата здравствена состојба сè уште не е позната, објави синоќа Ројтерс.

Авионот се урна во населено место и една куќа беше зафатена од оган.

Министерот за здравство на Британска Колумбија, Адријан Дикс изјави дека повредениот кој бил во авионот е пренесен во болница.

Видео објавено на локална телевизија покажува дека авионот експлодирал веднаш откако пилотот се катапултирал.

Се наведува дека биле ангажирани акробатски авиони за да се подигне моралот на граѓаните за време на пандемијата на корона вирусот.


Можеби ќе ве интересира

Прва жртва во протестите во Америка

Прва жртва во протестите во Америка

Британски експерт нагласува дека се уште е рано за олеснување на мерките во земјата

Британски експерт нагласува дека се уште е рано за олеснување на мерките во земјата

Црн биланс: Бразил ја помина Шпанија по бројот на починати од Ковид-19

Црн биланс: Бразил ја помина Шпанија по бројот на починати од Ковид-19

Уапсен е полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

Уапсен е полицаецот кој го уби Џорџ Флојд

(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ВО 21 ГРАД: Италијанските лекари бараат реформи

(ВИДЕО) ПРОТЕСТИ ВО 21 ГРАД: Италијанските лекари бараат реформи

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МИНЕАПОЛИС: Демонстрантите бесни по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ВО МИНЕАПОЛИС: Демонстрантите бесни по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд

СЕ БЛИЖИ 2 ЈУНИ: Франција ќе излезе од изолација

СЕ БЛИЖИ 2 ЈУНИ: Франција ќе излезе од изолација

ИМА 111 ГОДИНИ: Чилеанка го победи коронавирусот

ИМА 111 ГОДИНИ: Чилеанка го победи коронавирусот

ВИРУСОТ СЕ ВРАТИ: Јужна Кореја сега има 11.344 заразени

ВИРУСОТ СЕ ВРАТИ: Јужна Кореја сега има 11.344 заразени