(ВИДЕО) СЕ СТРЕСЕ КОСТАРИКА: Луѓето предупредени за нови потреси
Објавено во: Свет 13 Ноември, 2017
Земјотрес од 6,5 степени ја погоди Костарика, соопшти американскиот Геолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил 71 километар југозападно од Сан Хозе на длабочина од 10 километри. Земјотресот се почувствувал во руралното подрачје близу градот Хако во кој нема високи згради.
Претседателот на Костарика, Луис Гиљермо Солис апелираше до граѓаните да останат мирни и да се подготват за дополнителни удари.