(ВИДЕО) Се тепаа поддржувачи и противници на Ердоган
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2017
Повеќе од 9 лица се повредени, од кои 2 потешко, во тепачка помеѓу поддржувачите и противниците на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган пред турската амбасада во Вашингтон.
Агенцијата АП пишува дека две лица се уапсени, од кои едниот е обвинет за напад на полициски службеник.
Судирите се случија минатата ноќ, само неколку часа по средбата на Ердоган со претседателот на САД, Доналд Трамп.
Полицијата реагирала така што го запрела сообраќајот, а дошле и пожарникари и амбулантни возила.
Не се знае кој прв го почнал инцидентот.