(ВИДЕО) СЕ ТРАГА СО ЧАМЦИ И ДРОНОВИ: Малиот Ибрахим го однесе надојдена вода во Босна-ни трага ни глас
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2019
Невремето кое деновиве го зафати регионот а најмногу на удар се најде Босна и Херцеговина, предизвика потрага за шестгодишно момче од Бегов хан.
Како што пренесуваат босанските медиуми, момчето Ибрахим Мешељевиќ пред два дена паднало во надојден поток и по него уште се трага а семејството се сомнева дека е затрупано со песок во теснец.
Мештаните на Бегов Хан им потпомогнале на спасувачките екипи да го пребаруваат коритото на Босна со цел да се најде детето.
Потрагата по бреговите на реката ќе породолжи и денеска.
Спасувачите, се наведува дека и денеска со чамец ќе го поминат коритото на Босна кон Жепче, а на теснецот ќе користат механизација.
Се очекува и доаѓање на спасувачки екипи од Зеница, како и припадници на Кантоналната и Федерална управа за цивилна заштита кои вчера го пребарувале теренот на бреговите, користејќи дронови за да ги анализираат снимките.