(ВИДЕО) Се запали двокатен автобус на „Партизанска“
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2018
Двокатен автобус се запали во текот на превозот на патници на булеварот Партизански одред.
Станува збор за автобус со број 2 што вози сообраќа на линија Сарај - Автокоманда.
Патниците во паника се симнаа кај трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4. Тие сведочат дека неколку станици мирисало на оган и ненадејно избувнал чад од автобусот. Помеѓу нив нема пријавени за повредени.
Веднаш пристигнаа полициска и противпожарна екипа.