29 Март, 2024
0.0254

(ВИДЕО) СЕ „ЗАПАЛИ“ ВЕНЕЦУЕЛА: Загинаа најмалку 12 луѓе

Објавено во: Свет 24 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Има и жртви во немирите во Венецуела. 

Најмалку 12 лица загинаа во бранот антивладини протести во земјата, информираше денеска невладината организација Венецуелска опсерваторија за општествени судири.

Координаторот на Опсерваторијата, Марк Понсе ги објави и имињата на загинатите.

Стотици илјади граѓани на Венецуела излегоа на протести против претседателот Николас Мадуро.

Трета ноќ по ред стигнуваат извештаи за кражби во сиромашните населби во Каракас и за судири меѓу демонстрантите и припадниците на безбедносните сили.

Амнести интернешнал го повика венецуелскиот претседател Николас Мадуро да ги почитува правата на демонстрантите и неодложно да ги казни припадниците од војската и полицијата кои се вмешани во репресија.

Протестите се одржуваат на иницијатива на опозицијата, која тврди дека актуелниот шеф на државата нелегално ја узурпирал функцијата на 10 јануари, откако по вторпат е избран за претседател на избори бојкотирани од опозициските партии.

Опозицискиот лидер и претседател на Парламентот на Венецуела, Хуан Гуаидо вчера се прогласи за привремен претседател на државата.

Војската на Венецуела одби да го признае Гуаидо за привремен претседател. 

Сепак тој е признат од САД, Канада, Бразил, Аргентина, Колумбија, Парагвај, Чиле, Перу, Гватемала и Костарика.

Венецуела е во нова фаза на несигурност по вчерашните демонстрации во кои се бара заминување на претседателот  Мадуро.

Русија, Кина, Турција, Иран и Сирија го поддржаа претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. 


Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест