18 Април, 2024
0.7335

(ВИДЕО) Сеад Кочан се појави пред лицето на јавноста

Објавено во: Македонија 26 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

По подолго време бизнисменот кој е првоосомничен во случајот на СЈО „Труст“ се појави во јавноста.

Сеад Кочан придружуван од адвокатот Никола Додевски денеска го посети СЈО. 

Кочан беше на распит во обвинителството на Јанева а си замина молчејќи без да прозбори збор и да одговори на новинарското прашање каде беше два месеци на „службен пат“.


Видео: Нова ТВ

Во земјава Кочан се врати веднаш откако Врховиот суд го укина решението за притвор и истовремено беше хоспитализиран на скопската клиника за кардиорирургија каде што според наводите на дел од медиумите му бил вграден стент.

Пред неколку дена бизнисменот си ја купи слободата.

Судија на претходна постапка Даниела Димовска, пред неполни десет дена, одлучила дека нема притвор за Кочан кој повеќе од два месеца беше во бегство. 

Тој повеќе нема да може да оди на „службени патувања“ надвор од земјава бидејќи му е одземен пасошот а дал гаранција во износ близу 1 милион евра.

Оваа одлука следува откако Врховниот суд го укина притворот кој претходно го донесоа пониските судови.

СЈО  ја обжали оваа одлука а Кривичниот совет ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка кој не го прифати предлогот на СЈО за притвор на бизнисменот Сеад Кочан.  Со тоа Кочан остана на слобода.

За што го товари СЈО?

Сеад Кочан е првоосоминичен во предметот што го отвори СЈО, по кодното име „ Труст“, а кој е поврзан со тендерот објавен од ЕЛЕМ во 2011 година за ископ на јаглен и јаловина од рудниот Суводол.  Во отворениот случај второ и трето осомничени се директорот на „Силекс неметали“,  Василије Авировиќ и управителот на фирмата „ВАТО“ од Скопје, Сафет Ватиќ. Според истрагата што ја отвори СЈО , сите тројца се товарат дека фалсификувале документи со кои добиле тендер од 17 милиони и 200 илјади евра од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина од рудникот Суводол. Предмет на набавката била дробилица за ископ во јаловина во РЕК Битола.Овие три компании на тендерот настапиле како конзорциум, а главен носител била „Трансмет“. Тендерот бил распишан на 7 октомври 2011 година, а биле наведени неколку услови кои фирмите што сакале да аплицираат за зделката требало да ги  исполнуваат.Првосомничениот Кочан, на тендерот доставил лажни документи дека поседува повеќе градежни машини, но и невистинити договори за наводна купопродажба и фактури дека ја набавил механизација.

Бирото за јавни набавки на 18 мај годинава објави дека компанијата на Кочан „Трансмет“, чии што сметки се блокирани на барање на СЈО, повторно добила тендер од ЕЛЕМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?