(ВИДЕО) Шега на сметка на новинарите која наиде на осуда
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2018
Европски политичар направи неумесна шега на сметка на новинарите.
Чешкиот претседател Милош Земан се пошегува користејќи го бруталното убиство на новинарот, Џамал Кашоги.
„Ги сакам новоинарите и можеби ќе ги поканам на вечера во саудиската амбасада”, изјавил Земан.
Чешките политичари застанаа во одбрана на новинарите со остри критики кон Земан.
Ова не е прв ваков испад. На состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека дошле премногу новинари и треба да се ликвидираат.
И саудискиот принц Мохамед бин Салман го коментираше убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул. Кашоги е убиен во конзулатот, а сѐ уште не се знае каде е телото. Саудиска Арабија со денови негираше дека има врска со неговото исчезнување за на крајот да признае дека новинарот е убиен „по грешка“. Според нивната верзија, се работи за несреќен случај.