26 Април, 2024
0.0299

(ВИДЕО) Шекеринска денеска се запишува во историјата

Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Како што најави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска заменик-претседателот на македонската влада Радмила Шекеринска ќе биде првиот македонски политичар кој ќе седне на заедничка маса на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата во Брисел.

„Се подготвуваме да тргнеме за Брисел. Ја имам честа да бидам првиот наш министер кој ќе учествува на Северноатланскиот совет на НАТО алијансата. По три децении борба за нашето место, седнуваме на масата на НАТО, заедно со сите сојузници“, најави во своето видео министерката за одбрана пред да полета кон седиштето на НАТО.

Околу единаесет часот таа ќе биде примена од страна на Столтенберг, неколку часа пред почетокот на првата сесија на Северноатлантскиот Совет. Теми на разговор ќе бидат нуклеарниот договор со Русија, споделувањето на трошоците за одбрана, воените мисии и ситуацијата на Косово.

„Со учеството на министерката Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет, стануваме активен дел од Алијансата, а по процесот на целосна ратификација на пристапниот протокол, кој веќе заврши во грчкиот и во словенечкиот Парламент, и официјално ќе имаме право на глас на сите состаноци на НАТО“, најавија од кабинетот на министерката за одбрана. а таму ќе биде високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могериним која ќе треба да го објасни концептот европска армија.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот