(ВИДЕО) ШОК ВО ДУБРОВНИК: Eве што исфрли силниот ветер од морето
Објавено во: Балкан 16 Декември, 2017
Поради силен ветар, морето на плажата Бања во Дубровник исфрли експлозивна направа, а полицијата утврди дека станува збор за противбродска сидрена мина од Втората светска војна.
Полицијата го обезбедува местото на плажата каде што се наоѓа мината.
Деминерите ќе ја тргнат мината според правилата на нивната работа, потврдија од дубровачко-неретванската полициска управа. Во Дубровник, невремето со денови нанесува големи количини гранки, пластични шишиња, и друг отпад.